Под паролата „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите!“, здравствените работници најавија протест кој ќе се случува в среда на 18 септември, со почеток во 11 часот.
Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ, која стои зад протестниот собир велат дека ќе бараат итно донесување на закон за докторска дејност, законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец и итно и сериозно организирање на служби за обезбедување во секој здравствен објект.
– Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови! Времето на неделување помина, време е државата да превземе итни мерки и да не заштити, во спротивно, организирано ќе престанеме со работа се до решавање на овој проблем! – порачаа организаторите во повикот за протестите.