Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата Пресека – с. Врбјани, помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути, поради минирање.
Поради поставување на канализациона мрежа во с. Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.