Ќе се разгледува предлогот на претседателот Стево Пендаровски за одложување на пописот, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
– Го видов предлогот на државата, да се одложи пописот на месец два… ок, јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, а септември е кампања, октомври е изборен период за локалните избори. И да размислие за месец и пол да завршиме некаде до јуни, гледам тоа веќе опозицијата го одби. Уште еднаш ја испраќам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот – посочи Заев, додавајќи дека пописот е во согласност со сите стандарди на Евростат и сите меѓународни стандарди.