Заврши вториот круг од изборите во градот Дебар. Дебарчани денеска гласаа за свој градоначалник. Според ДИК, право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи на 27 избирачки места.
-Денешнот изборен ден минува без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до кај на изборнот ден. До 17 часот поднесени се 10 приговори и уште два по овој рок, за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени – рече Јованка Јосифовска потпретседателка на општинската изборна комисија.
Таа исто така посочи дека во споредба со првиот изборен круг што се одржа на 17 октомври излезноста е поголема за 4,93 отсто. Тогаш правото на глас го оствариле 6.761 лице или 35,2 отсто.