Државниот врв, односно претседателот, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, денеска присуствува на приемот што редовно се приредува по повод божиќните празници и неговиот именден.
Во соопштението се наведува дека присутните заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и желба за уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница, посакале да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија.
Исто така се нагласува дека приемот се одвивал под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа бил без присуство на медиуми.