Прв самит за Македонија како полноправна членка на НАТО

Македонија првпат како полноправна членка учествуваше на самит на НАТО, а во таа пригода македонскиот премиер Зоран Заев од седиштето на Алијансата порача дека земјава е целосно посветена на колективната одбрана.
– Ова е прв самит за Северна Македонија како полноправна членка и прв самит за НАТО со 30 земји-членки, ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО. Членството во НАТО беше остварување на нашата стратегиска цел, а Алијансата ја подобри стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан – рече Заев, кој ја преводи македонската делегација на самитот, во чиј состав се и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Бујар Османи.
Според Заев, Македонија е посветена на изградба на Западен Балкан на 21 век, како регион на стабилност и просперитет за сите граѓани.


Се укинува полицискиот час

Главниот координативен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на олабавување на рестриктивните мерки донесени за справување со ковид-заканата.
Новите препораки треба да бидат усвоени на владина седница и од утре би требало да стапат во сила.
Според последните препораки од Комисијата за заразни болести, се препорачува целосно укинување на полицискиот час, да се отстрани лимитот од 100 присутни лица на свадбите и прославите, а се дозволува и организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од капацитетот на објектот и не повеќе од 1.000 лица.

Фото: Маја Јаневска-Илиева