Евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за отпочнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат, со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето, се согласиле вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.
Претседателот Пахор го информирал вицепремиерот Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо-Бриони Самит.
По средбата со Пахор, Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана.