Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска се огласи преку Твитер за позициите во однос на случувањата во Венецуела, давајќи му поддршка на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој неодамна се прогласи за времен претседател на државата, а досега е признат од 11 европски земји.
-Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела, Хуан Гуаидо за времен претседател, согласно Уставот и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори – напиша Димитров на Твитер.
The Republic of Macedonia, in line with its European partners, supports and considers the President of the Venezuelan Assembly, @jguaido as Interim President, in accordance with the Constitution, in order to organize free, fair and democratic presidential elections.
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) February 4, 2019
Досега 11 земји членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Претходно, Италија го блокираше нацрт соопштението на ЕУ во кое се наведува дека сите земји членки на Унијата ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Спротиставувањето на Италија спречи да се донесе единствен став на ЕУ за Венецуела.
ЕУ му даде рок, што истече на полноќ, на Николас Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признае опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори. Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.
Европскиот парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.