Од оваа учебна година нема да можат да се запишат во училиште првачиња за коишто нема да биде доставен картон за вакцинација, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес- конференција.
-Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат деца кои не се вакцинирани. Закон за основно образование член 46, став 2, јасно, рече Бошњаковски.
Бошњаковски потсети дека поради состојбата со морбилите Владата прогласи епидемија на територија на целата држава.
Тој информира дека теренската вакцинација на Министерството за здравство се спроведува според планираната динамика и оти во тие активности има координација со Министерстовто за образование.
-Мора да се подигнеме степенот на имунизација на сите граѓани во Македонија со цел да ја спречиме епидемијата на морбили. Ова се мерки коишто се спроведуваат и нема отстапување од нив- наведе Бошњаковски.
Истовремено потенцираше дека основното образование е задолжително и оти децата треба и ќе одат на училиште.