Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен, а во југоисточните делови југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Tемпературата ќе достигне до 34 степени.
Утре попладне и во вторник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и
засилен ветер. Во вторник локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.