Екс-премиерот и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднесе оставка од пратеничката функција.
Тој одлуката ја соопшти преку неговиот профил на Фејсбук и истакна дека формално ќе го извести парламентот во следните денови.
– Oдлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со Уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна поддршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности – напиша Никола Груевски на Фејсбук.