Експремиерот и азилант, Никола Груевски беше начекан од страна на унгарски новинар во Будимпешта, кој се обидуваше да добие одговор на неколку прашања поврзани со бегството, но и контактите на Груевски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Како што може да се види од видеото што го споделија медумите во Унгарија, Груевски одби да одговори на поставените прашања.
– Нема да одговорам, можеби во некоја друга прилика – рече Груевски.
На крајот екс-премиерот се качи во возило и го напушти објектот.