Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „Мајка Тереза“ за 2018 година, на активистката Ленче Здравкин и сликарот Омер Калеши.
Наградата се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата се доделува од 2006 година на 26 август – денот на раѓањето на Мајка Тереза.
Од 26 август до 5 септември ќе се одржи и традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, во организација на граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“.
Манифестацијата почнува утре претпладне со положување свежо цвеќе на спомен плочата на местото на нејзината родна куќа, како и на споменикот и нејзиното светилиште во Феудална кула.