Претседателот Стево Пендаровски, министерот за одбрана Радмила Шеќеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, делегации од семејствата, од општина Прилеп, од Здружението Карпалак, од бранителите денеска положија цвеќиња на спомен обележјето Карпалак, и одбележаа 20 години од масакрот кај Карпалак, каде во заседа загинаа десетмина прилепски бранители.
Оддавајќи им почит на загинатите министерката за одбрана Радмила Шеќеринска  посочи дека Карпалак остави длабоки траги не само во нашата меморија, туку и во донесувањето на одлуките и однесувањето.
– Изгубивме луѓе кои дадоа се за државата, кои се саможртвуваа и покажаа како се станува херој.Треба да се сеќаваме на нив, но и да носиме клучни одлуки за мирот и безбедноста -рече Шеќеринска, министер за одбрана.
Дека загинатите кај Карпалак се загуба за градот, државата посочи градоначалникот  Илија Јованоски.
-Треба да бидеме горди на нивниот патриотизам бидејќи застанаа на браникот на татковината. Оваа жртва од 2001 треба да биде порака, опомена, сите спорни прашања во политичката битка да се решаваат со преговори – рече градоначалникот Јованоски.
Бранителите кои го преживеа масакрот велат дека и по 20 години Карпалак е македонски непробол.
Ка.М.