Папата Франциск, секој момент се очекува да пристигне на Аеродромот Скопје каде што ќе биде пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.
Од таму ќе се упати во претседателската Вила Водно, каде ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.
На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија.
По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.