ВМРО-ДПМНЕ најави дека во вторник, 13 октомври, во 18 часот, ќе се одржат протести со возила во Охрид, Прилеп и Скопје против поскапувањето на струјата.
– Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4 отсто што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт. Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари – се вели во најавата за протестите.
ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, додаваат од партијата, уште еднаш ќе порачаат да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот.