Бугарскиот претседателот Румен Радев продолжува со бугарската контроверзна реторика. Во своето обраќање пред медиумите, во рамките на Бледскиот стратешки форум, можеше да се слушнат различни тези за повеќе прашања поврзани со членството на Македонија во ЕУ и бугарското вето.
Радев вели дека Бугарија е во политичка изолоцација и затоа пред европските партнери ги претставил бугарски национални позиции. Бугарскиот претседател ја повтори тезата дека Бугарија е најзаинтересирана страна за интеграција на Македонија во ЕУ, но побара правани гаранции за неповратни и трајни решенија за развојот на македонско-бугарските односи.
Според него, не се потребни само јасни механизми, туку и да се отстрани омразата од македонските учебници, музеи, споменици, медиуми, политиката од највисоко ниво кон Бугарија. Бугарскиот претседател побара исполнување на копенхашките критериуми велеќи дека бугарската држава ќе им помогне на своите соседи за нивно исплонување.
Во однос на копенхашките критериуми, Радев истакна дека е особено загрижен за првата на македонските граѓани со бугарско национално чувство и според него тоа е клучот кон кон постигнување на напредокот за процесот на проширување на Европската Унија. Имено, уважување на правото на самоопределување на македонските граѓани кои со децении биле проследувани и дискриминирани поради сопственото бугарско национално чувство.
Според Радев, кога Македонија ќе ги исполни копенхашките критериуми ќе покаже дека го избрала патот на реформите и дека се откажала од наследството од тоталитарното југословенско минато.
Искажувањата на Румен Радев се противречни и контроверзни. Можеби Бугарија чувствува политички притисок од Брисел, но не се наоѓа во политичка изолација. Всушност воопшто не е така, ако се земат во предвид концептите во германскиот и португалскиот предлог за решавање на наметнатиот спор.
Искажувањата на Радев имаат и една хипокризија доколку ги земеме во предвид барањата за исполнување на копенхашките критериуми, дури и нудење помош за нивно исполнување.
Бугарија има пресуди за непочитување на правата на нејзини граѓани со македонско национално чувство, односно ги прекршува копенхашките критериуми кои се состојат од човекови права и заштита на малцинствата, почитување на меѓународното право на човекови права, граѓански и политички права, економски, социјални и културни права, како и малцински права, заштита на малцинствата и културни права.
Бугарија не ги исполнува копенхашките критериуми и македонското малцинство во Бугарија, по зачленувањето на земјата во Европската Унија не живее подобро во смисла на остварување на основните човекови права.
Во 2018 година, Јордан Костадинов Иванов, од здружението ОМО Илинден, истакна дека: „На сите наши културни манифестации постојат пречки, проблеми и непријатности. Акции и тешки казни трпиме цела година. Бугарија ќе биде поагресивна, побрутална кон нас за ликвидирање на нашето национално движење во Бугарија“.
Иванов, кој живее во Бугарија, се жали дека без поголеми проблеми неможе да помине ниту еден одбид на Македонците во Бугарија да организираат собир по одреден национален повод.
Не смееме да заборавиме дека партијата ОМО Илинден-Пирин не е регистрирана бидејќи бугарските власти ја укинаа пред 20 години со образложение дека органзира антидржавни активности. Членовите и активистите очекуваат дека партијата повторно ќе биде регистрирана откако европскиот суд за човекови права ги одби аргументите кои бугарската влада ги изнесе за непризнавање на партијата.