Вкупно 50.881 студент се запишале на високите стручни школи и факултетите во Македонија во академската 2020/21 година, што претставува намалување за 1,7 отсто во однос на претходната академска година.
Најголем број студенти (83,8 проценти) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 проценти на приватните факултети, според податоците на Државниот завод за статистика.
На прва година студии се запишале 12.365 студенти, со што тука се опфатени и студентите што повторно запишуваат прва година.