Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва доаѓа во Скопје, каде ќе учествува на работната вечера која ја организираат високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и македонскиот премиер Зоран Заев, сопштија од кабинетот на Брнабиќ.
Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев организираат вечера за премиерите на земјите од регионот на Западен Балкан, на иницијатива на високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика за време на нејзината посета на регионот, се наведува во кратката најава од кабинетот на Брнабиќ за нејзината прва посета во Македонија.