Православниот празник Богојавление-Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.
Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското Езеро. Ниту студеното време ниту, пак, уште постудената вода не ги спречи повеќето верници да скокнат во водите на Преспанското Езеро.
Со Македонцте во Пустец беше амбасадорот Данчо Марковски, кој присуствуваше и на свечената литургија во црквата „Свети Архангел и Михаил“ со која чиноначалствуваше корчарскиот мирополит Јован.
Тој светиот крст го фрли во освените езерски води, а најсреќен беше Дејан Сотири. Најреќен пак во второто по големина населено место во општината,Горна Горица беше Димитар Нечовски.
-Од утро, Македонците традиционално се собираат во селските цркви и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон реките во Голо Брдо или во Преспанското езеро во Мала Преспа каде се фрла крстот.Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетуваат домаќинствата во населеното место,каде се даруваат со пари – изјави Васил Стерјовски,член на Советот на општина Пустец.
Откако ќе ги обиколи сите куќи во секое македонско село се враќа во селската црквата, каде што останува до следната година.