Обвинителот Арбер Исаку е избран за заменик-претседател на Советот на јавни обвинители во следните две години. Одлуката е објавена на веб-страната на Советот.
Тој доаѓа на место на досегашниот заменик претседател Меџит Јусуфи, а оваа функција ја извршуваше и во периодот од 2016 до 2018 година.
Има работено како судски преведувач во Основен Суд Тетово, бил советник во Владата во 2009 година, а потоа и советник во Собранието.На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија. На 22.09.2016 година е избран за заменик претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.