Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен Александар Трајановски.
Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломирал во 2006 година на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и супспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.
Новиот директор на ТОАРИЛУЦ се едуцирал и на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана и во болницата „Аџибадем Истанбул“ во Турција.
Трајановски бил учесник во научни проекти, а автор и коавтор е на повеќе научни публикации.