Албанскиот претседател Илир Мета денеска престојува во посета на Македонија, по повод Денот на албанската азбука.
Мета, во придружба на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и лидерот на ДУИ Али Ахмети прошета низ Старата скопска чаршија и со своите домаќини се задржа пред мозаикот на плоштадот Скендербег.
Претседателот Мета, заедно со неговата делегација, претходно се сретна со премиерот Зоран Заев, при што изразил благодарност за поддршката на највисоко државно ниво што Република Македонија ја посветува на празникот Ден на албанската азбука, како настан од исклучително значење во историјата на Албанците.
По повод Денот на албанската азбука, денеска се одржуваат повеќе манифестации и настани.