Доколку има потреба за засилување на мерките за коронавирусот, да бидат поригорозни, со цел заштита на здравјето на граѓаните тоа ќе биде направено, изјави премиерот Оливер Спасовски, запрашан од новинарите дали е можно да се одложат партиските конвенции поради заразата.
Премиерот кажа дека се следат сите аспекти за коронавирусот и максимално посветено работат Министерството за здравство и Кризниот штаб.
– Како Влада вчера дадовме препораки дека продолжува за една недела препораката до сите оние кои организираат настани на затворено и спортски натпревари без публика – истакна Спасовски.
Вчера беа потврдени два нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во Македонија се искачи на три лица.