Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Владата најавува засилен фокус кон економија базирана на знаење и иновации.

На конститутивната седница, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.

– Нашата цел е јасна, да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните – рече Мицкоски.

На седницата беше усвоена и четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото, која, како што посочи премиерот, создава рамка за поддршка од првата идеја до целосна комерцијализација.

Советот ќе обезбеди координација меѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики, со цел отворање нови, квалитетни и добро платени работни места.