ФОТО: ЈСП

Жичарницата на Водно од денес ќе работи од 10 до 18 часот. Притоа, од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле-нагоре, односно во 17.45 часот ќе биде последно возење од горе-надоле, соопштија  од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

– Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси – се истакнува во соопштението.

Линијата „25“, Транспортен Центар – Средно Водно, од денес ќе сообраќа по есенски режим на работа.