Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во 00.22 часот, со епицентар во подрачјето Делчево – Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје – информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, пренесе МИА.
Според достапните податоци, потресот бил почувствуван од жителите во Берово, Пехчево и околните населени места, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
































