Фото: Пиксабеј

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Валандово, Струмица и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е регистриран во 13:35 часот со епицентар кој потекнува од валандовскиот реон, на 123 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот е со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер.