Фото:Маја Јаневска-Илиева

Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.

– Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните празници на шести и седми јануари, ќе работи со следново работно време.  Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од 07 до 21 часот – информираа од оваа јавна здравствена установа.

Оттаму додадоа дека ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.