Максим Димитриевски
Во овие тешки моменти на болка и тага во мое лично име и во име на сите кумановчани изразувам длабоко сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани а на повредените брзо закрепнување.
– Оваа е трагедија за Македонија и сите наши граѓани, мора да ја споделиме и поднесеме заедно сите, обединети, сплотени и солидарни како што некогаш биле нашите предци.
– Да ги оставиме надлежните да си ја вршат својата работа, здравствено да ги истретираат повредените, истражителите да ги утврдат фактите а одговорност од сите видови ќе мора да има.
Иван Стоилковиќ
Трогателна вест утрово ја шокира Македонија и нејзините граѓани. Трагедија од која не може да не ви заплаче срцето. Запалена е дискотека во Кочани и според проценки на екипите за спасување загинати се над 30, а повредени се стотина млади луѓе. Во овие моменти тешко е да се најдат вистиските зборови да се изрази сочуство и порака на поддршка. И додека ја воздигнуваме до Господ нашата молитва за настраданата младост, упатуваме зборови на охрабрување за преживеаните, изразуваме надеж дека сите сложно ќе ја искажеме нашата солидарност и ги ублажиме последиците од оваа трагедија. Демократската партија на Србите во Македонија денеска го откажува настанот кој денеска требаше да се одржи по повод 33 години од формирањето на партијата, а средствата кои ги планиравме за таа намена ќе ги усмериме кон Кочани, кон семејствата на настраданите
Трифун Костовски
Почитувани мои сограѓани,
траорниот настан во Кочани ја потресе цела Македонија и целиот свет.
Нема граѓанин во нашата држава без разлика на неговата национална и верска припадност, кој не е погоден од овој настан длабоко во душата.
Сочувство до семејствата на загинатите.
До кога ќе бидеме сведоци на настани кои ја отсликуваат нашата незрелост како држава?
Ни требаат луѓе од мајка родени, кои ќе се справуваат со злосторствата кои беа сторени во изминатите 30 години.
Изгубивме болни во тетовската болница, изгубивме туристи кои сакаа да го запознаат светот, а денеска ги убивме и нашите деца.
Во житието на човекот, децата се најголемата радост, а за државата највредниот капитал.
Не се работи за небрежност, се работи за ретардиран државен систем во кој владее криминал и корупција во сите сегменти на нашето живеење, од највисоко до најниско ниво.
Дали ќе се разбудиме и ќе разбереме дека законите кои се со Устав имплементирани во нашето секојдневие треба вистински да се почитуваат.
Неказнивоста на сторителите кои го кршат законот мора да исчезне.
Талат Џафери
Длабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите по трагедијата која вчера го погоди Кочани.
Искрено жалиме и сочувствуваме со семејствата на загинатите. На повредените им посакуваме брзо опоравување.
Нашите молитви се со вас!
___________________
Ngushëllime të thella ndaj familjarëve dhe të afërmëve të viktimave pas tragjedisë që e goditi mbrëm Koçanin. Ndjejmë keqardhje të sinqertë dhe bashkëndjesojmë me familjet e viktimave. Të lënduarve ju urojmē shërim të shpejtë.
Lutjet tona janë me ju!
Бујар Османи
Голема трагедија во Кочани со над 50 жртви… Длабока тага за изгубените животи. Сочувство до семејствата и сила за повредените. Во овие тешки моменти, сме со вас!
Димитар Ковачевски
Ноќеска во Кочани се случи страшна трагедија која ја потресе цела држава.
Изразувам длабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и посакувам брзо опоравување на повредените.
Стравичните призори од Кочани ја завија Македонија во тага.