Новата македонска влада, сепак, според моето мислење, треба да ги амортизира притисоците и да продолжи по веќе зацртаниот пат: негување на македонството. Зборот македонство подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството (вклучувајќи ги тука и Грција, Бугарија и Албанија) и низ целиот свет. Меѓутоа, македонството е бесмислено ако не е целосно поврзано: македонството е неделиво
Според Аристотел, правилни облици на владеење – владеење за општо добро, се: монархија (владеење на еден за општо добро), аристократија (владеење на малкумина за општо добро) и политеја (владеење на пошироко граѓанско тело за општо добро), додека, пак, неправилни форми на владеење – владеење за себе, се: тиранија (владеење на еден за себе), олигархија (владеење на малкумина за себе) и демократија (владеење на пошироко граѓанско тело за себе). Деновиве, агресивното однесување на неколкумина амбасадори во суверена и демократска Република Македонија ме поттикна да се обидам да предложам нова форма на владеење и нов збор. Зборообразувањето е лингвистичка дисциплина што се занимава со начините на формирање и изведување нови зборови – во денешниов есеј ќе го предложам зборот „дипломархија“.
Потсетувајќи дека, од една страна, зборот „дипломат“ (од старогрчки: δίπλωμα) се однесува на лице назначено од држава да води дипломатија со една или повеќе други држави (амбасадорите се дипломати од највисок ранг), додека, пак, зборот олигархија (од старогрчки ὀλιγαρχία „владее од малкумина“ – од ὀλίγος „малку“ и ἄρχω „да владее“) се користи за да означи дека моќта почива кај мал број луѓе, при што, олигарсите користат принуда, присила, угнетување и јавна послушност и поседуваат корпоративна, верска, политичка или воена контрола и дека, а од друга страна, однесувањето, во изминатите десетици дена, на дел од амбасадорите во Македонија наликуваше на принуда и угнетување, ме инспирираа да предложам нов збор што најдобро ја опишува македонската сегашна реалност: тоа е зборот „дипломархија“ – владеење на мал број дипломати (амбасадори) за „сопствено добро“ – не за доброто на Македонија, туку за доброто на државите што ги претставуваат во Македонија. Парафразирајќи го Христо Ивановски, тажно е овие денови да се гледа дека во Македонија се воспоставува олигархија на амбасадорите, при што, нашите навидум стратегиски партнери „ја стројат, ја понижуваат, ја притискаат до последните граници на издржливоста“ Македонија, притоа „понижувајќи ги легално избраните функционери и институции, всушност се гази по срцето, душата и гордоста на народот“.
Новата македонска влада, сепак, според моето мислење, треба да ги амортизира притисоците и да продолжи по веќе зацртаниот пат: негување на македонството. Зборот македонство подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството (вклучувајќи ги тука и Грција, Бугарија и Албанија) и низ целиот свет. Меѓутоа, македонството е бесмислено ако не е целосно поврзано: македонството е неделиво. Во Македонија стабилен и достоинствен живот е невозможен во свет во кој сите институции искрено, особено Владата и Собранието на Македонија, не се за македонството. Ако македонството запре на границите на МАНУ, УКИМ или на границата на „Нова Македонија“, Република Македонија нема да опстане, при што, парафразирајќи го Чинго, во дваесет и првиот век ќе „догори оганчето“ и Македонија ќе згасне.
Една од основните теми на „Така зборуваше Заратустра“ е идејата за вечното повторување. Од портата, над која пишува „овој момент“, се делат две ленти во спротивни насоки: „Овде се спојуваат два патишта; по нив сè уште никој не отишол до крај. Долгата лента наназад продолжува во вечност. И долгата лента нанапред – тоа е уште една вечност“. Двата патишта се спротивставени, меѓусебно некомпатибилни, но тие директно се спојуваат еден со друг пред портата што ја означува сегашноста. Движењето по кој било од овие патишта, според Ниче, нѐ доведува до другиот – патиштата се поврзат еден со друг: „вистината е извртена, само времето е круг“.
Деновиве, агресивното однесување на неколкумина амбасадори во суверена и демократска Република Македонија ме поттикна да се обидам да предложам нова форма на владеење и нов збор. Зборообразувањето е лингвистичка дисциплина што се занимава со начините на формирање и изведување нови зборови – во денешниов есеј ќе го предложам зборот „дипломархија“
Размислувањата на Ниче за вечното повторување – времето е круг, немаат научен аргумент, повеќе, според моето мислење, поттикнуваат да погледаме на духовните последици од таквиот пристап: „И овој бавен пајак кој лази на месечевата светлина, и самата оваа месечева светлина, и ти и јас пред портата шепотејќи заедно, шепотејќи за вечни нешта – нели сите веќе сме постоеле“? Ако патот што води наназад е Античка Македонија, додека патот што води нанапред е Македонија по илјада години, што треба да направиме денес за патиштата да се поврзат? Тргнувајќи, од една страна, дека Античка Македонија не претставува ничие ексклузивно право, најмалку на Грција, туку Античките Македонци се дел од културно-историскиот идентитет на сите народи од Југоисточна Европа и пошироко, кои ги претставуваат современите политички нации, вклучувајќи ја и Република Македонија, без разлика на денешново толкување на историјата – производ на современите политички нации и на актуелната геополитика, и дека, од друга страна, договорите со Грција и со Бугарија се ништи македонството, единственото решение за Македонците во сегашноста е раскинување на двата договора.
Последната напишана книга на Ниче е „Еве го човекот“ (Ecce Homo) – тој почна да ја пишува на неговиот четириесет и четврти роденден – 16 октомври 1888 година, и ја заврши за помалку од три недели (книгата првпат е објавена во 1908 г.). Насловот на книгата Ecce homo се зборовите што Понтиј Пилат ги користи во Евангелието според Јован во Вулгата (на латински јазик Biblia Vulgata – латински превод на Библијата, заснован на делата на светиот Јероним Стридонски) за да го претстави камшикуваниот Исус, врзан и крунисан со трње, на непријателска толпа непосредно пред Неговото распнување (Јован 19:5). Книгата, која нуди сопственото толкување на Ниче за неговиот развој, неговите дела и неговото значење, содржи неколку поглавја со иронични самопофални наслови, како „Зошто сум толку мудар“, „Зошто сум толку паметен“, „Зошто пишувам толку добри книги“ и „Зошто сум судбина“, притоа, воспоставувајќи внатрешните паралели, по форма и по јазик, со Платоновата апологија, која го документира судењето на Сократ. Оттука, всушност, Ниче со ова дело се стави себеси на суд, меѓутоа, преку насловите на поглавјата го трансформира овој судски процес против неговите идни обвинувачи, искривувачи и површни судии.
Ниче во неговиот предговор на „Еве го човекот“, надевајќи се дека нема да биде преправен, ќе порача: „Слушнете ме! Зашто јас сум таков и таков човек. Пред сè, немојте да ме помешате со некој друг“. Манипулирањето на необјавените записи и фрагменти од неговата архива – еден вид интелектуален дневник, иако хаотичен, во обем од над 5.000 страници, трагично, го направи неговата сестра Елизабет. Секогаш измачуван од лошо здравје, Ниче доживеа ментален слом во 1889 година, веднаш по неговиот 44-ти роденден. Помеѓу 1894 и 1926 година, Елизабет објави 20-томно издание на делата на нејзиниот брат, во кое беше вклучена нејзината – на Елизабет, најпозната „творба“ – книгата „Волја за моќ“. Со селективно уредување на книгата – Ниче ги критикуваше сите религии, но во рацете на Елизабета нападите на другите религии беа изменети, а оние против Евреите беа истакнати, таа го направи делото на нејзиниот брат не само допадливо за крајно десничарските читатели туку дело што ги поддржува нив. Ефектот беше дека Ниче стана еден вид „куќен филозоф“ за нацистите.
Зборовите на Ниче: „се обожаваат оние вредности кои се сосема спротивни од вредностите што ќе обезбедат просперитет на човештвото“ (од „Еве го човекот“) се денес поактуелни од кога било. Оттука, поттикнат од (1) империјализмот на нашите соседи, ЕУ и САД кон Македонија, изразен преку водење хибридни војни, вклучувајќи и промена на историскиот наратив, (2) агресивното наметнување и угнетување – олигархија на дипломатите, врз политиките на суверена и демократска Република Македонија, за што сме сведоци катадневно, и (3) домашните „кафеави сахиби“, кои безрезервно поддржуваат сè што е европско и американско, а до хистерија мразат сè што е македонско, парафразирајќи го Ниче, на крајот од овој текст, ќе порачам: Слушнете нѐ! Ние Македонците сме народ таков каков што сме. Пред сè, немојте да нѐ помешате со други народи.