Изградбата на современ мултифункционален спортски комплекс во Кичево финансиран од Министерството за спорт е на самиот крај. На трите терени поставена е (ПП) подлога, а во непосредна близина на теренот за футсал, на подлога од вештаќка трева, пооставени се и десет справи за фитнес. Во текот на наредните денови се очекува овој комплекс и официјално да биде пуштен во употреба а граѓаните на Кичево ќе можат да спортуваат на современ спортски комплекс, каков што во овој град досега немало.
На местото на запуштените терени во склоп на поранешниот дом на АРМ, изграден е спортски комплекс кој опфаќа повеќенаменско игралиште за ракомет и футсал со полипропиленски под (ПП) и со трибина за 100 гледачи, фитенс зона, одбојкарско игралиште со (ПП) под и кошаркарско игралиште со подлога од најсовремени стандарди и трибина за 50 гледачи.
– Инаку изградбата на мултифункционалниот спортски комплекс во Кичево поради комлексноста на теренот се одвиваше во неколку фази. Најпрво се изврши расчистување и отстранување на асфалтот од старите терени, каде од корењата на дрвјата се создале големи нерамнини, што беше отстрането од страна на изведувачот и извршено порамнување на подлогата-. До повеќенаменското игралиште за футсал и ракомет изградена е фитнес зона со под од вештачка трева со површина од 100 метри квадратни и со 10 мултифункционални реквизити наменети за сите категории на корисници. Поставен е (ПП) под на одбојкарското игралиште со површина од 200 метри квадратни, извршено е обележување на теренот и поставени столбови за мрежа. На претходниот бетонски под на кошаркарското игралиште поставена е нова подлога по најсовремени стандарди, со нови табли, обрачи и обележан терен- рече истакна портпаролката на Министерството за спорт, Биљана Благоеска.
Од Министерството за спорт апелираат до граѓаните на Кичево, да не ги оштетуваат терените и реквизитите од мултифункционалниот комплекс, бидејќи тие се изградени за нивно добро и за нивна полза. З.А