„Запрете ја војната“, „Слободна Палестина“ и „Санкции за Израел“, гласеа дел од пораките на транспарентите истакнати на мирниот протест за поддршка на палестинскиот народ пред Владата.
На звучник беа пуштени и верзии на работничката химна „Интернационалата“ на арапски и на хебрејски јазик, а беа прочитани и песни од палестинскиот поет Махмуд Дарвуш и македонскиот поет Панде Манојлов.
Протестот беше организиран од социјалниот центар „Дуња“ чии членови се обратија пред Владата, а говореше и активист од Грција.
Организаторите најавија дека ќе ја продолжат поддршката за палестинскиот народ.