Фото: Ка.М.

Синоќа во Прилеп започна годинашното издание на Пиво Фестивал 2025 – манифестација што е синоним за забава, пиво и вкусна скара.

-Овие три фестивалски денови носат повеќе од музика, пиво и скара – тие значат економски бенефит за градот, поддршка за локалните бизниси, нова енергија за угостителството и нова можност за Прилеп да блесне пред илјадници посетители – вели градоначалникот Борче Јовчески.
Гостите синоќа уживаа во настапите на Наташа Малинкова, Антонија Гиговска и на Камерниот оркестар од Битола со Наде Талевска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев.
На 15 штандови во центарот може да се пробаат повеќе видови пиво, да се вкуси скара и да се ужива во убавата музика.
Вечерва настапуваат Јана Мрческа, група Калабалак, Дамјан Стојановски и големата балканска легенда,Харис Џиновиќ. Ка.М.