Владата ќе ги разгледа заклучоците од надзорната расправа за аерозагадувањето рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната расправа во Собранието, нагласувајќи дека дел ќе бидат одговорени веднаш, а за некои ќе се даде одреден рок за имплементација.
Одговарајќи на прашање на претседателката на собраниската комисија за здравство Рашела Мизрахи, која укажа дека во 2018-та, иако едногласно биле донесени 31 заклучок за загадувањето, ниту една од институциите од тогашната влада не постапила по ниту еден заклучок, Мицкоски изрази надеж дека Владата ќе ги добиеме заклучоците скоро, и дека како Влада сето она коешто може веднаш да се имплементира, веднаш треба да се направи.
– Да не се игнорира проблемот доволно се игнорираше – изјави Мицкоски.
Во однос на прашањето за финансиски план за чист воздух, премиерот, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата, дел како заеми, дел приватни инвестиции, чисто пазарно ориентирани инвестирања.