Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15.25 часот.
Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Како што соопшти АМСМ, забраната е воведена од 16.20 часот.
Од 17.00 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.