Фото: Маја Јаневска-Илиева/Илустрација

Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека и Плетвар.

Од 07.25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, а  забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона се воведува на ГП Делчево кон Бугарија.

Од АМСМ информираа дека од превентивни причини зaбрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, додека тешките товарни возила од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.