Премиерот Димитар Ковачевски на првата заедничка литургија меѓу вселенскиот патријарх Ваертоломеј и Аргиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул го прочита Симболот на верата и молитвата Отче наш.
Ова е чест што премиер на една држава кажува слово во име на неговиот народ.
Тоа е традиција во Вселенската патријаршија за време на одржување на литургијата.
Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација која присуствува на патријаршиската и синодална света литиргија во соборниот храм „Свети Георги Победоносец“ во Фанар (Истанбул) на која заеднички сослужуваат вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот г.г. Стефан, со владици од двете цркви.