Врховниот суд смета дека пресудата за „Транспортер“ во која осуден е битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена, односно дека аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, не ги опфаќа осудените.
– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Р.С. Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.3.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 8.4.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.3.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 8.4.2022 година, го отфрли како недозволено – вели Врховен суд.