Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека времето претпладне ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми, па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи меѓу -2 и 5 степени, додека максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно со подолги сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде четврток, кога се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за слаба магла.



































