Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

УХМР најави дека од утре до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а в четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 километри на час.  В петок и в сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

МИА