Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк. Бараат да биде потпишан колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти.
Штрајкуваат сите правобранителства во државата, сè до исполнување на барањата, велат во изјава за МИА од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).
Следниот вторник, на 14 јануари, се очекува да протестираат вработените од неколку министерства бидејќи не им се одобрени 30 проценти додаток на плата. Протестот би траел половина час пред зградите на министерствата.