Вработените на Триглав Осигурување во понеделникот, на 25. 11. 2024 г. беа дел од волонтерската акција за пошумување, во опожарените предели на регионот Кокино, едно од најзначајните македонски природни и културни богатства.
Со заеднички сили, волонтерите од Триглав Осигурување, извидници од проектот Боренка и претставници на ЈП Национални шуми, посадија скоро 2000 садници, симболизирајќи надеж, обнова и заложба за подобра иднина.
“Проектот Боренка, кој што започна во 2022-ра година, како одговор на катастрофалните пожари што ја погодија земјата, е инспирација за зазеленување на опустошените предели преку волонтерски ангажман и соработка со локалната заедница и општествено одговорните компании.
– Во досегашните акции, Боренка успеа да засади повеќе од 55.000 садници, пошумувајќи при тоа над 14 хектари опожарени површини со помош на над 2000 волонтери и да организира преку 80 едукативни работилници за ученици од целата земја – изјави Генералниот секретар на Сојузот на извидници на Македонија, Снежана Јанковиќ.
Во текот на вчерашната акција, Триглав Осигурување уште еднаш ја потврди својата посветеност кон одржливоста и заштитата на животната средина. Покрај директната поддршка во пошумувањето, Триглав овозможи и организација на четири едукативни работилници за деца, на тема заштита од шумски пожари.
– Горди сме што сме дел од вакви акции, кои што носат вистински промени и оставаат трајна вредност за природата и за заедницата, но и за нас како тим. Оваа акција во Кокино не е само еколошка заложба, туку и израз на заедништво, љубов кон природата и грижа за идните генерации – изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.
Триглав Осигурување останува посветен на својата мисија за општествена одговорност и одржливост, со надеж дека ваквите иницијативи ќе инспирираат и други компании, организации и граѓани да се приклучат кон градење позелена, поодржлива и посигурна иднина за сите нас.
За повеќе информации за проектот Боренка и неговите активности, посетете ја нивната веб-страница, https://www.borenka.mk/#/home или следете ги на социјалните мрежи.