Фото: „Нова Македонија“

Од Министерството посочуваат дека, според најновите информации, израелскиот воздушен простор останува затворен најмалку до понеделник, што во моментов ја ограничува можноста за организирање транспорт.

-Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено – информира Министерството.

Во однос на дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, засега нема пријавено барања за евакуација од македонски државјани.

Министерството нагласува дека преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, одржува постојана комуникација со граѓаните и стои на целосно располагање за помош, поддршка и координација во зависност од развојот на безбедносната состојба.