Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (ПМ10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.9.2025 во 8.30 часот до 22.09.2025 во 08.30 часот, просечната концентрација изнесува 14,2 микрограми на метар кубен, соопштија од Канцеларијата за комуникација со јавност при Министерство за животна средина и просторно планирање.
Највисоката измерена вредност е 44,1 микрограми на метар кубен, додека моменталното ниво е 11,9 микрограми на метар кубен.
– Резултатите покажуваат дека концентрациите на ПM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје, согласно Уредбата за квалитет на амбиентниот воздух – стои во соопштението од Министерство за животна средина и просторно планирање.