Фото: „Нова Македонија“

Водата за пиење во Берово е исправна. Информацијата денеска ја соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ кое излезе со соопштение дека со добиените последни резултати од анализираните примероци, водата во Берово е исправна и може да се користи за пиење.

– Почитувани граѓани на општина Берово и населените места, Ве известуваме дека по добиените три последователни резултати од ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани од анализираните примероци вода , водата  е исправна за пиење, односно е согласно правилникот за барања за безбедност и кавалитет на водата за пиење, Сл.весник на РМ 183/18. Водата за пиење одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа – соопштија од претпријатието.

Изразија благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението кое го имаа во изминатиот период, додека траеше забраната за користење на водата за пиење.

Анализите на водата во Берово претходно покажаа зголемено присуство на манган, поради што од страна на АХВ, Сектор за инспекциски надзор – ПЕ Берово беше препорачано да се користи само за техничка употреба.