ЈП Водовод и канализација соопшти дека според физичко-хемиските и микробиолошките испитувања од 55 мерни места во Скопје водата е безбедна за пиење.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 јули до 15 јули зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираат од ЈП Водовод и канализација.