Во Собранието денеска беше доделена државната награда „11 Октомври“, на овогодинешните добитници: актерот и продуцент Јовица Михајловски, сликарот Владимир Темков, мултимедијалниот уметник и еден од авторите на ТВ-емисијата „К-15“, Љупчо-Бубо Каров и на фолклористот Марко Китевски.
Наградата „11 Октомври“ е највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во други дејности од јавен интерес на Македонија.
Каров, Темков и Михајловски се наградени за животно дело во областа на културата и уметноста, а проф.-д-р Китевски, кој е истражувач на македонскиот фолклор, во областа на науката.
Секоја година оваа престижна награда се врачува во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.