Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани, нема да биде ставен на дневен ред. Ова е конечната одлука, согласно гласовите на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ, но и другите партии не го поддржаа предлогот на СДСМ, за кој гласаа 18 пратеници „за“ и еден „воздржан“, од 94 присутни во салата.
Епилогот од ваквото гласање доаѓа по низа јавни повици на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка за заедно да го изгласаат овој закон.
Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на загинатите, како и низа мерки од сферата на социјалата, здравството и работните односи за сите настрадани.