На првата владина седница во новиот состав е донесена одлука за линеарно зголемување пензиите во септември од 2.500 денари. Второто покачување според одлуката на Владата ќе биде во март 2025 година за 2.500 денари.
Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите била финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за реализација на изборно ветување кон пензионерите.
Кочоска нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.